„Најк“ ја направи најдобрата спортска реклама на сите времиња (ВИДЕО)

Не можете да го сопрете спортот, е лајт-мотивот на најновата реклама на светскиот гигант за производство на спортска опрема „Најк“, која за само неколку часови е прегледана од милиони луѓе кои имаат еден единствен заеднички коментар - „ежење“.

Станува збор за извонреден видео исечок, мајсторски едитиран и монтиран, кој ја прикажува моменталната реалност со светската пандемија со коронавирусот, но и моќта на спортот да ги обедини сите различности во едно семејство. Во 90 секунди се претставени дел од најголемите светски спортски ѕвезди кои се заштитен знак на „Најк“ и тоа во добри, но и лоши моменти во кои единствен начин за спас е заедништвото.

Со еден збор – прекрасно.