Масивен напад на денот на отворањето на ЛОИ 2024 (ВИДЕО)

Пред свеченото отворање на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Париз, француската железничка компанија „СНЦФ“ соопшти дека нејзината мрежа на брзи возови била нападната.

Во соопштението се наведува дека биле подметнати пожари, чија цел бил да се парализира системот, а претседателот на компанијата соопшти дека поради ова со проблем се соочуваат 800.000 патници.

Од компанијата велат дека мрежата била подготвена за Олимписките игри, но сега ова е дополнителен проблем и се работи на надминување на истиот.