Македонија со два клуба во ТОП 8 на Европскиот Куп во шах

Алкалоид финишираше на шестото место на конечната табела на Европскиот Куп во шах, додека Гамбит Асеко СЕЕ го освои осмото место. 

Во рамки на денешното последено 7.коло, Алкалоид славеше убедливо со 4,5-1,5 против израелскиот Бер Шева. За нашиот тим победи остварија на Лирен Динг, Ју Јангжи и Дмитриј Јаковенко.

Гамбит Асеко СЕЕ славеше со 3,5 - 2,5 против англискиот тим Вуд Грин. Зоран Стојчевски, Дејан Динев и Љубиша Андоновски остварија победи, додека ремизираше Никола НИколовски.

Првото место на Европскиот Куп го освои рускиот тим Медњи Всадник Санкт Петербург. Интересно овој тим единствениот пораз на турнирот го доживеа од Алкалоид во рамки на 4.коло со 3,5 - 2,5. 

КОНЕЧНА ТАБЕЛА