Линдзи Вон ќе добие тешки пари - за 13 секунди на снегот!

Американската скијачка Линдзи Вон доживеа тешка повреда и го заврши својот настап на Зимските олимписки игри (ЗОИ), а како за утеха ќе добие дури 200.000 долари за 13 секунди поминати на снегот.

Иако не се избори за резултат кој го сакаше, сепак поради новата политика на финансирање на американските олимпијци, Вон ќе добие голем износ на пари поради учеството на ЗОИ 2026.

Според новата шема, секој член на американската олимписка и параолимписка репрезентација добива по 200.000 долари.

Оваа политика на финансирање на американските спортисти се реализира поради рекордните донации во износ од 100 милиони долари кои ги добил американскиот олимписки и параолимписки одбор од милијардерот Рос Стивенс.

Претходниот модел на американските спортисти им носеше парични награди од 37.500 долари за златен медал, 22.500 долари за сребро и 15.000 долари за бронза.

Фото: EPA