Кинезите водат по број на златни медали, САД е далеку зад нив!

На Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио во тек е 11. ден од натпреварувањата, а Кина е на прво место по број на освоени златни медали, односно 32, додека по нив следи САД со 24, а трета е Јапонија 19 злата.

Кога станува збор за вкупниот број на медали, САД е прв со 73 медали, по што следат Кинезите со 69, а трет е Рускиот олимписки комитет со 52 медали.

Австралија освои 14 златни медали, додека Олимпискиот комитет на Русија и Велика Британија освоија по 13 медали.