Кинез освои сребрен медал со неверојатни – 22 шрафови во нозете! (ФОТО)

Кинескиот фри-стајл скијач Зонгјанг Џија во саботата на ЗИмските олимписки игри (ЗОИ) во Пјонгчанг освои сребрен медал, но неверојатен е податокот дека тоа му успеало со 22 шрафови во нозете.

Џија своето деби во Светскиот куп го имаше во 2008. година, а во 2009 се искачи прв пат на подиумот на првото место. Од тогаш, на 25 натпреварувања во Светскиот куп само девет пати не беше помеѓу најдобрите десет, а има 13 подиуми и девет победи.

Настапот во Пјонгчанг му е трето учество на ЗОИ, во Сочи освои бронзен медал, а на првиот настап во Ванкувер по феноменалното прво место во квалификациите, заврши на шестата позиција.

Тоа што младиот Кинез го прави посебен е фактот дека по десет години натпреварувања и голем број падови и операции во нозете има 22 метални делови.