Јужна Кореја сака да организира Олимписки игри и Мундијал заедно со Северна Кореја

Јужна Кореја ќе поднесе предлог до Северна Кореја за заедничка организација на двата најголеми спортски настани во светот Олимписките игри и Светското првенство во фудбал. 

Оваа информација доаѓа од министерот за спорт на Јужна Кореја До Јонг-Хван за време на собирот на министрите од Кина, Јапонија и Јужна Кореја.

Идејата е организацијата на Светското фудбалско првенство во 2030 година да биде заедничка на двете Кореи, како и Кина и Јапонија. Мундијалот во 2026 ќе биде организиран од три земји Мексико, САД и Канада.

Корејскиот министер планира да им понуди на своите северни соседи заедно да ја организираат летната Олимпијада во 2032 година. Јужна Кореја беша домаќин на изминатите Зимски Олимписки игри, а на истите настапија во заеднички тим со Северна Кореја. Овој потег наиде на воодушевување во двете земји, но и во целиот свет.

Можеби спортот ќе биде мостот преку кој двете земји повторно ќе се обединат.