Јапонците пред ЛОИ догодина: На бејзбол со навивачи ќе тестираат како се шири ковид-19

Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио беа одложени поради пандемијата на ковид-19 за следната година, но и понатаму не е сигурно дека ќе се одржат доколку не се смири ситуацијата со вирусот.

Организаторот на натпреварувањето реши да направи експериментални натпревари со голем број навивачи, по што ќе биде познато како би ги организирале ЛОИ. Јапонија ќе организира три бејзбол натпревари со 34.000 луѓе на трибините за да се тестира ширењето на коронавирусот на стадионите, и тоа на осум месеци пред почетокот на игрите.

Експериментот го најави министерот Јасутоши Нишимура, кој кажа дека три меча ќе бидат одиграни од 30 октомври до 1 ноември на „Јокохама стадионот“ во Токио и ќе биде исполнет 80 проценти од капацитетот на трибините, по што ќе бидат извлечен заклучок и ќе се преземат наредни чекори.

Во Јапонија во моментов стадионите примаат само 50 проценти од капацитетот на навивачите, но Владата бара начин да ги олесни мерките за ЛОИ кои ќе се одржат од 23 јули до 8 август 2021 година.