Холандија во шок: Почина 27-годишна светска и европска шампионка!
Светската шампионка во трката на 500 метри почина од последица на автоимуна болест. Таа била хоспитализирана на крајот на минатиот месец, откако се пожалила на тренинг, а четири дена подоцна била префрлена на интензивна нега.
Како причина за смртта се наведува автоимуна болесст, поради која се случило внатрешно крварење. Таа потоа била ставена во индуцирана кома и имала неколку операции, но состојбата не се поправила.