Фото-финиш опасен по здравјето: Фуркад освои злато за милиметри! (ФОТО)

Мартин Фуркад е победникот на бијатлонската трка на 15 километри со масовен старт, но златото не го заслужи ниту со стотинка предност, ами со милиметри.

Судбината си поигра со Фуркад, бидејќи му приреди идентичен финиш на оваа трка како и пред четири години во Сочи. Тогаш тој го извлече подебелиот крај и мораше да го стега грлото бидејќи за милиметри го загуби златото од Емил Хегле Свендсен од Норвешка. Овој пат тој беше победник, а „само“ сребрен остана Симон Шемп од Германија. И двајцата промашија по еднаш на последното стрелиште, па влегоа во мртва трка на целната рамнина по што неколку минути се чекаше фото-финишот за да биде прогласен победникот.

На оваа фотографија од фото-финишот се гледа дека чизмата на Фуркад прва влегува низ целта, иако стотите делови од секудната не го покажуваат тоа. И двајцата остварија време 35:47.3. На трето место заврши душманот на Фуркад од пред четири години, Норвежанецот Свендсен, во сопствена драма со Германецот Ерик Лесер. Тој имаше голема предност, беше во друштво на Фуркад и Шемп, но и тој утна на последното стрелиште, но не беше доволно брз да го одбие нападот од конкурентите зад себе.