
Девет милиони евра нови пари за спортската инфраструктура во Македонија!
Ристовски денеска потпиша дел од договорите за реализација на проектите за изградба и реконструкција на спортска инфраструктура од потпрограмата на Владата за капитални дотации на единиците на локалната самоуправа, па така овој пат ќе се инвестираат повеќе пари во однос на првата фаза кога беа доделени 220 милиони денари за седум инфраструктурни проекти во шест општини од кои дел се веќе реализирани, а дел се во реализација.
„Со огромно задоволство денеска потпишав дел од договорите за новите 29 инфраструктурни проекти во 17 општини низ Македонија, во втората фаза од програмата за капитални дотации на Владата. Преку Министерството за спорт, ќе реализираме 544 милиони денари за изградба и реконструкција на спортски капацитети. Оваа бројка е многу поголема во однос на првата фаза, кога поддржавме 7 проекти во 6 општини со 220 милиони денари – дел од нив се веќе завршени, а останатите се во финална фаза“, соопшти Ристовски.