Белорусинката која не сака да се врати дома скриена на – безбедно место

Белоруската атлетичарка која не сака да се врати дома откако нејзиниот олимписки комитет реши да ја депортира од Токио, пред таа воопшто да настапи во своите атлетски дисциплини, е скриена на безбедно место, објави јапонскиот „Спорт Хочи“.

Кристина Тсимановскаја ѝ избегала на придружбата од олимпискиот комитет и од атлетскиот сојуз на аеродромот, каде ја донеле за да ја вратат во Минск, па побарала заштита од јапонската полиција и според информации од белоруски новинари дури и азил. Нејзе Белорусите сакале да ја депортираат за критики кон режимот на Александар Лукашенко, најнеомилениот претседател на Западот после рускиот претседател Владимир Путин, ама и поради јавни критики кон стручниот штаб во атлетската репрезентација.

Образложението за депортацијата било дека таа е емоционално и психички нестабилна и проблематична, но приказната е сосема поинаква. Сега претставници на организации за човекови права помогнале Тсмановскаја да биде скриена.

Првично се појавја информации дека таа е веќе на пат кон Истанбул, но од „Туркиш Ерлајнс“ демантираа дека во нивниот авион има таков патник. Наводно, ако Белорусинката ако Јапонија ја принуди да замине, ќе бара азил во некоја европска земја, каде ќе стапне прво.