Бризбејн ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2032 година

Интернационалниот Олимписки комитет (ИОК) денеска реши Бризбејн, Австралија да биде домаќин на Олимписките и Параолимписките игри кои ќе се одржат во 2032 година.

Австралија по третпат во историјата ќе ги организира Олимписките игри по Мелбурн во 1956 година и Синдеј во 2000 година, а оваа одлука на ИОК беше поздравена од самиот град.

„Интернационалниот Олимписки комитет ја има честа да соопшти дека игрите ќе бидат одржани во Бризбејн, Австралија“, кажа претседателот на ИОК, Томас Бах.

Неколку градови и држави покажаа интерес за организација на Игрите, меѓу кои Индонезија, Кина, Катар, Унгарија и Германија.

Париз ќе ги организира игрите во 2024 година, додека Лос Анџелес ќе биде домаќин во 2028 година.