
Ајлин Гу со само 18 години испиша нова историја на Олимписките игри
Младата 18-годишна скијачка утринава стигна до златниот медал во дисциплината халфпајп. Таа славеше со 95,25 поени и ги победи Канаѓанките Кеси Шарпе и Рејчел Каркер.
Гу минатата недела го освои златото во дисциплината биг ер, а беше сребрена во слоупстајл.