Струмица со максимален пораз се прости од ЦЕВ купот
Нашиот претставник загуби и во вториот меч од 1/32-финалето од ова натпреварување, од германскиот Дирен со 0-3, слично како и во првиот на домашен терен. Во воведниот сет, Струмица беше рамноправна до 11-12, а потоа домаќинот направи серија од 7-0, доволно за подоцна да поведе со 1-0.
Слично беше и во вториот сет, по 11-11, Дирен направи 4-0, подоцна уште една серија од 3-0 и го скрши отпорот на струмичани. Третиот сет беше најнеизвесен, македонскиот шампион водеше и со 21-18, но дозволи во финишот домаќините да направат пресврт, а со тоа и до конечна победа.