
Срцепарателно: Одбојкарски брачен пар најден заедно под урнатините во Газијантеп!
Чобан Чакир е 27-годишна одбојкарка на турскиот прволигаш Меринос, додека за машкиот колектив на истата екипа настапувал и нејзиниот сопруг Бедретин.
„Нашата болка е голема. Со длабока тага дознавме за заминувањето на Бетул Чобан Чакир, која со години го претставуваше нашиот клуб на најдобар начин и нејзиниот сопруг Бедретин Чакир, исто така одбојкар. Им посакуваме Божја милост на нашиот спортист и неговата сопруга, рајот нека ви биде местото…“, стои во соопштението на клубот Меринос Волеј.