Репрезентативецот Ѓорѓиев во новата сезона ќе игра во Полска

Македонскиот одбојкарски решрезентативец Ѓорѓи Ѓорѓиев ја продолжува кариерата во Полска, откако потпиша договор со тамошниот клуб Завјерче, кој веќе го промовираше

Ѓорѓиев во Полска оди откако изминатите две години беше дел од француски Париз, но на крај решија спогодбено да се разделат, па експредно македонскиот репрезентативец најде нов ангажман и потпиша едногодишен договор.

Техничарот, покрај две сезони во Франција, претходно играше за Мили Пјанго во Турција каде тренер му беше екс-македонсиот селектор Јошко Миленковски, како и во бугарски Марек и македонска Струмица.

Завјерче ја заврши сезоната во полската најквалитетна лига на десеттата позиција.