Одбојкарките загубија и од Тунис на Медитеранските игри

Македонските одбојкарки денеска беа поразени со 0-3 во сетови (20-25, 11-25 и 21-25) од Тунис во второто коло од групната фаза на Медитеранските игри во Оран.

Одбојкарите на Тунис доминираа во текот на целиот натпревар, а првиот сет го добија со 25-20, додека во вториот беа убедливи и стигнаа до 25-11, додека во третиот сет македонските репрезентативки дадоа поголем отпор, но сепак тоа не го спречи ривалот да стигне до 3-0.

Македонија вчера загуби од Египет со 1-3 во сетови.