Одбојкарите со македонско оро и „Бисер Балкански“ ја прославија историската победа на ЕП! (ВИДЕО)

Со добропознатото македонско оро и песната „Бисер Балкански“, македонските одбојкари ја прославија историската прва победа на ЕП во Љубљана, против Белорусија.

Како што ги испративме од Скопје, со радост и со оро, така и вечерва во „Стожице“ нашите херои ја приславија победата над Белорусија од 3-1, со пресврт. Орото се виеше на паркетот, а на трибините имаше огромна радост од нашите навивачи. Да се надеваме дека орото пак ќе се игра и по утрешниот дуел со Словенија.