Нов допинг скандал: Одбојкар суспендиран 18 месеци!

Рускиот одбојкар Павел Мороз е суспендиран 18 месеци поради допинг, соопшти Руската антидопинг агенција.

Во соопштението исто така се наведува дека суспензијата ретроактивно стапила на сила уште на 12 ноември минатата година, бидејќи од тогаш бил земен примерок од 32 годишниот одбојкар, кој бил позитивен на допинг.

Не е наведено за која недозволена супстанца станува збор.