Историја и во машката одбојка: УГД Штип првпат триумфира во Купот на Македонија!

Екипата на УГД Штип првпат во клупската историја дојде до побендичкиот трофеј во одбојкарскиот Куп на Македонија, откако во денешното финале по голема борба го совлада бранителот на двојната круна, Струмица (22-25, 25-22, 19-25, 25-21, 15-13).

Претходно денеска дебитант победи и на женскиот куп-турнир и тоа тимот на Струмица, кој го совлада составот на Јанта Волеј (3-0). Машкото финале донесе далеку понеизвесна битка, во која победникот двапати се враќаше од негатива и на крајот собра сили за да го добие решавачкиот петти сет.

Извонреден настап имаа Задмард со 26 и Стефан Алексов со 21 поен, додека кај Струмица најефикасен беше Ом Хени со 28 поени.