Неверојатен скандал: Го победи ривалот, па тргна да се тепа со судијата! (ВИДЕО)

Сериозен инцидент го одбележа ММА-спектаклот во Абу Даби. Ахмад Ал Дармаки беше главен актер на инцидентот. Познатиот борец по борбата со рускиот борец Богдан Кириленко го нападна познатиот судија Марко Годард.

Дармаки во првата рунда го фати за врат Русинот и успеа да го победи. Сепак в моментот кога противникот се предаде, борецот од Абу Даби не го попушташе притисокот, па мораше да интервенира и судијата.

Тоа го налути борецот кој го турна двапати познатиот судија, кој е поранешен шампион во тешка категорија, па Дармаки кога разбра со кого си има работа, реши да се извини, но веќе беше доцна затоа што заработи дисквалификација.