Наследникот на Крокап со спектакуларен нокаут си го врати шампионскиот појас! (ВИДЕО)

Хрватот Стипе Миочиќ е нов шампион во тешка категорија во УФЦ-серијата, откако ноќеска го победи Даниел Кормие со нокаут во четвртата рунда. Наследникот на легендарниот Крокап ги загуби претходните три рунди, но потоа во рингот влезе како лав по што со серија удари во телото прво го начна, а потоа и искусно го докрајчи својот противник.

Миочиќ со ова си ја врати титулата која беше во негова сопственост до пред една ипол година.