На Мекгрегор му се смачи од УФЦ, па ќе стане актер!?

Една од најголемите ѕвезди во УФЦ, Конор Мекгрегор е подготвен на голема промена, а последните информации се дека Ирецот ќе дебитира на филмската сцена.

„Дејли Стар“ објави дека УФЦ борецот ќе биде дел од преработка на популарен филм од 1989 година.

Веста ја потврди и портпаролката на спортистот, а ова е ново искуство за контроверзниот Ирец.