Мекгрегор е подготвен за враќање во УФЦ

Контроверзниот борец Конор Мекгрегор по долгата пауза повторно е подготвен да се врати во УФЦ, а засега не е познат конкретен датум кога би се борел.

Тренерот Џон Кавано гостуваше во една емисија и откри дека Мекгрегор се подготвува за враќање во спортот.

„Би се обложил во сè што имаме дека Мекгрегор се враќа. Мислам дека во моментов се водат преговори и не смеам да кажам ништо повеќе, но сигурен сум дека ќе го гледаме наскоро во рингот“, кажа тренерот.