Хабиб објави и ренген снимка од скршеното стапало пред борбата со Гејџи (ФОТО)

Хабиб Нурмагомедов на спектакуларен начин ја заврши кариерата, откако го победи Џастин Гејџи во втората рунда на УФЦ 254 настанот и замина во историјата со 29 победи и ниту еден пораз.

Борецот од Дагестан на само две недели пред големата пресметка имал скршено стапало и прст, а таа информација прв ја објави претседателот на УФЦ, Дена Вајт по победата на Нурмагомедов.

Хабиб пред неколку часа најпрво објави како изгледало неговото стапало по повредата, а потоа покажа и ренген снимка, со која потврдува дека имал скршеница на стапалото, но ниту тоа не го спречи на најдобар можен начин да замине во историјата.