
„Американците се пи**ици и кукавици, Хабиб сам би им ја освоил државата!“
Тој смета дека новата генерации жители на САД се плашливи и неспособни и дека момци како Хабиб Нурмагомедов заедно со неговите Дагестанци лесно би ја прегазиле државата буквално во еден ден.
„Хабиб за кратко би ги освоил САД, зашто нашите денешни генерации се полни со идиоти и пи***ци. Освен некои групи од југот, никој не би застанал во одбрана на државата. „А, момците од Русија се градени поразлично, имаат и сосема поинаков менталитет. Ние станавме некако меки и слаби, вистински кукавици“, изјави Вајт.
Преголемото фалење на Нурмагомедов, како и навредување на се што е американско може да се сфати и како деловен потег на Вајт, кој упорно се обидува да го врати Дагестанецот во кафезот каде би имал барем уште една борба во УФЦ.
„Не е лесно да се одбијат 20, 30, па и 40 милиони долари, но за мене не е се во парите. Кога веќе одлучив да прекинам, за мене тоа е завршена работа. Среќен сум и не жалам поради таа одлука“, изјави неодамна Нурмагомедов.