Ужас во Прилеп: Тренер по џудо осомничен за силување малолетничка!

Полицијата во Прилеп вчера поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Р.П (46 години) за cтopeно кpивично дело “обљyба co злoyпотpeба на положбата”.

Неофицијално, станува збор за тренер по џудо, а силувањето на 15-годишната малолетничка било пријавено од нејзин родител. На Р.П. му е одреден 30-дневен притвор во КПУ Битола.

Полицијата истовремено информира дека во моментов истражува и други вакви случаи во Прилеп.