Каратистот Витомир Трајковски ќе се бори за златото на Европското првенство во Тбилиси

На Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 што се одржува од 9-11 февруари во Тбилиси, Грузија, македонскиот репрезентативец во категоријата У21, борби -84 кг. Витомир Трајковски обезбеди финале по дуелот со Халил Салиловиќ од БиХ со 2-1.

Претходно, Трајковски во првото коло го победи Лучиано Давиде од Италија со 3-2, во второто коло го победи претставникот од Албанија Мелос, Гаши со 1:0 и во третото коло го победи независниот натпреварувач Микита Сакивон со 6-1.

Мечот за титулата ќе се одржи во текот на утрешниот ден против претставникот од Ерменија, Нерсисиан Гор.