„Знам како да го победиме Хабиб, на овој начин никој не се обидел“

Еден од најдобрите УФЦ борци, Хабиб Нурмагомедов, следната пролет најверојатно ќе ја има борбата во која ќе има можност да ги врати појасите во лесна категорија.

Иако многу имиња се споменуваат како потенцијални ривали за непоразениот Дагестанец, сепак, најверојатно за следен противник ќе го има Тони Фергусон.

Многумина веруваат дека Фергусон ќе го победи Хабиб, а еден од најдобрите тренери, Еди Браво, кој со години соработуваше со Тони, зборуваше за тактиката што планираат да ја направат за дуелот против Хабиб.

Не би требало да давам никакви предвидувања, но во секој случај планираме да победиме, а знаеме и како ќе го направиме тоа. Не можам да ви кажам премногу, но има разлика од сè што досега направија другите. Сите бегаа од борбата на подот со Кабиб. Кога завршија доле, бараа ограда за да се вратат во мечот. Тони не е таков тип, тој ќе нападне Хабиб од таа позиција, а на тоа Дагестанецот не е навикнат, изјави Браво.

Феругусон седум години е без пораз во октагонот и има скот од 25 победи и три порази во својата кариера.