УФЦ шампионот Џонс е приведен поради алкохол и оружје!

Еден од најконторверзните УФЦ борци, Џон Џонс, по кој знае кој пат се најде во неволја.

Овој пат шампионот во полутешка категорија е уапсен од страна на полицијата во Албакерки, Ново Мексико, поради возење во алкохолизирана состојба и прекршок поврзан за оружје.

ММА борачот веднаш бил лишен од слобода, а по кус период бил пуштен од полициската станица.

Како што е наведено во полицискиот извештај, полицајците излегле од станица оради некоја пукотница, а по пат го пронашле Џонс како спие во автмобил (со двојно повеќе алкохол во крвта од дозволеното).

Инаку, ова не е прв пат Џонс да заврши во полициска станица, откако претходно низа скандали со законот, дрогата, допингот му направија сериозни проблеми.