Тајсон Фјури: Се уште сум дебел, ќелав, грд, но и незапирлив

Британскиот боксер Тајсон Фјури смета дека во моментов е подготвен и практично незапирлив. Тој досега не загуби во кариерата, а има 30 победи и едно реми.

Последниот триумф го забележа над Дионтеј Вајлдер со технички нокаут и со тоа остана и непобедлив шампион во тешка категорија.

Немам што да му докажувам на никого. Не е прашање да се докажувам, туку љубовта кон боксот која ја имам, тоа го правев цел живот. Тие рекоа дека никогаш нема да успеам, изјави Фјури за „Скај Спорт“.

Фјури е потценет од многумина, потенцирајќи го неговиот изглед и менталните проблеми. Британецот има порака за критичарите.

Јас сум сè уште дебел, грд и ќелав, сè уште сум голем, но сепак сум незапирлив, истакна Фјури.