Спектакл на повидок: Фјури најави борба против Мајк Тајсон?

Еден од најдобрите боксери во тешка категорија, Тајсон Фјури откри дека прифатил понуда од Мајк Тајсон да има натпревар.

Фјури даде изјава за британските медиуми и кажа дека не размислувал премногу за понудата.

„Добив телефонски повик со прашање дали ќе се борам со Тајсон. Им одговорив потврдно“, кажа Фјури.

Фјури смета дека Тајсон е сериозен во намерата да има неколку борби, но верува дека е малку стар за да се бори сериозно во рингот.

„Мислам дека тој и Холифилд се малку стари за тоа, но кој сум јас да зборувам за тоа“, објасни Фјури.