
Скопјанецот Славески петти пат по ред победи во бокс со – голи раце (ВИДЕО)
Ова беше елиминаторска борба за добивање шанса за пресметка за титула во велтер категоријата, што значи дека шестиот дуел за македонскиот боксер ќе биде за престижниот шампионски појас.
„Македонски народе, одиме по светска титула!“, викаше Гого на мајчиниот јазик по големата победа, а пред преполната арена каде што беше промовиран во прв кандидат за предизвикување на актуелниот шампион.
Славески е веќе 28-годишен спортист, кој веќе години наназад живее и тренира во Мајами, а со бокс се занимава уште од 17-годишна возраст кога почнал да ја претставува Македонија на регионална сцена. Со боксот без ракавици се занимава повеќе од една година, а неговиот скор 5-0 е само потврда дека можеби ја пронашол вистинската дисциплина во која ќе експлодира и на светска сцена.