Шоу на Тајсон: Зошто никој не се грижи за мојот задник? (ВИДЕО)

Мајк Тајсон и Рој Џонс имаа одлична борба без разлика на нивните години, а на крајот борбата заврши без победник.

Тајсон имаше подобри удари во однос на неговиот ривал, па така ја покажа својата одлична форма, иако е во шестата деценија од својот живот.

По борбата водителот на програмата го праша Џонс како се чувствува, а веднаш се „побуни“ Тајсон и направи шоу.

„Зошто никој не се грижи за мојот задник? Јас не сум се борел 15 години. Тој престана да се бори пред три години и сите се загрижени за него“, порача 54-годишниот Тајсон.