„Прво ќе го убијам, а потоа ќе го водам на - пиво!“

Утрешната борба за титулата во ВБО верзијата во Лондон предизвикува огромен интерес во регионот, првенствено поради фактот што еден од борците во рингот ќе биде Црногорецот со српски корени, Дилан Прашовиќ, кој ќе ги „вкрсти ракавиците“ со Англичанецот Лоренс Околи.

Станува збор за главната воведна борба во пресрет на пресметката помеѓу Џошуа и Ушик, кој ќе се одржи на стадионот на Тотнем пред 60.000 гледачи. Прашовиќ „пукаше“ од самодоверба во прес-конференцијата пред дуелот, првенствено поради фактот што повеќе од сто дена се подготвува во Германија токму за оваа борба.

„Ова е голема шанса за мене. Прво ќе сторам се за да го убијам Околи, но потоа ќе го водам на пиво. Верувам во себе и не му се плашам иако е актуелен шампион“, изјави Прашовиќ.

Очекувањата се дека спектаклот во Лондон ќе биде следен од повеќе од милијарда спортски вљубеници преку ТВ-екраните.