Пакјао ја одбрани титулата, па го предизвика Мејведер! (ВИДЕО)

Ноќеска се одржа интересен боксерски натпревар, а Мани Пакјао повторно беше во центар на внимание бидејќи на поени го победи Американецот Едријен Бронер и ја врати титулата во велтер-категорија.

Борецот од Филипини стигна до 61. победа во кариерата, во која се бореше 70 пати, а по натпреварот испрати директна порака до Флојд Мејведер, од кого очекува се јави за ревнаш.

Да потсетиме, Американецот во 2015 година го победи Пакјао на поени.

„Кажете му да се врати во рингот и да се бори. Сакам да се борам со него“, кажа Пакјао.

Мејведер во декември се врати на кратко од пензија во борбата против јапонскиот кик-боксер Теншин Насукава, но не сакаше да ја коментира изјавата на Пакјао.