Официјално: Ќе има трето продолжение на сагата Фјури против Вајлдер

Деонтеј Вајлдер ќе ја искористи клаузулата во договорот за трет меч со Тајсон Фјури. 

Американецот во недела наутро го загуби појасот во ВБЦ верзијата откако во седмата рунда неговиот тим го фрли пешкирот во рингот и побара прекин на борбата. Фјури сега е новиот крал на ВБЦ, а Вајлдер го доживеа првиот пораз во кариерата.

Тој сега ќе ја искорити опцијата за уште една борба со Фјури и шанса да си го врати појасот. Борбата најверојатно би се одржала ова лето. Тоа ќе биде трета пресметка помеѓу двајцата боксери, кои за прв пат се сретнаа во рингот во декември 2018 година во меч што заврши нерешено.

„Попрво би умрел во рингот отколку да се предадам и некој да го фрли пешкирот“, изјави Вајлдер во своето прво интервју по поразот од Фјури. 

Американецот имаше и помалку смешно оправдување за поразот, а за тоа ја обвини облеката при влезот во рингот.

„Факт е дека не ме повреди, но факт е дека мојата униформа пред мечот беше претешка. Немав сила во нозете уште пред да почне борбата“, се правда Вајлдер.