Мекгрегор сака борба без ракавици во која победникот ќе го земе целиот хонорар

Во последно време Ирецот Конор Мекгрегор беше прилично неактивен, па за две години успеа да одработи само две борби, боксерски меч против Флојд Мејведер и УФЦ борба за шампионскиот појас против Хабиб Нурмагомедов.

Двете борби лесно ги загуби, а додека чека да се врати во октагонот, Мекгрегор јавно одлучи да му понуди интересен дуел на боксерот Поли Малињаги.

Малињаги и Мекгрегор се во лоши односи. Тие често пати водеа „војна“ на социјалните мрежи, но и покрај тоа Ирецот решил да му испрати понуда која ретко се одбива.

Конор е подготвен да се бори без ракавици со Малињаги, а тоа би било дуел во која победникот би го зел целиот хонорар кој ќе биде договорен.

Ирецот реши да ја испрати оваа понуда до неговиот поранешен спаринг-партнер, откако тој беше поразен во борба без ракавици од пријателот на Конор, Артем Лобов.

Во овој дуел, Лобов успеа да слави на поени, па Мекгрегор сега верува дека успешно ќе ја заврши борбата против 38-годишниот боксер.