Мејведер откри за колку пари би влегол во ринг со Нурмагомедов

Легендарниот боксер и непоразен шампион, Флојд Мејведер кажа дека би имал реванш со Конор Мегрегор, но тоа ќе се случи ако му платат 300 милиони долари.

Мејведер таму не мисли да застане, па најави и борба против Хабиб Нурмагомедов, но и за таа битка ќе мора да добие дополнителни 300 милиони долари.

Боксерот го критикуваше и Мекгрегор, со кој се бореше во 2017 година и кажа дека не знае да боксува, но тоа нема да го спречи повторно да му удри ќотек во рингот.