Македонија со тројца боксери на Националниот куп „Врбас 2019“

Кадетската репрезентација на Македонија од денеска до недела ќе настапи на Националниот куп во Врбас, турнир со меѓународен карактер од А категоријата.

Македонскиот состав ќе го сочинуваат Илхан и Ајхан Озмен кои живеат и тренираат во Германија и Ардијан Аземи кој оваа година победи на престижниот турнир „Емил Жечев“ во Бугарија, а не претставуваше и на ЕП во Галати.

Илхан Озмен ќе настапи во категоријата 60 килограми, Ајхан Озмен во категоријата 66 кг. и Ардијан Аземи во категоријата +80 кг.

Македонските боксери ќе бидат предводени од тренерите Васко Цубалевски и Насер Харуни.