Холифилд бара од Тајсон римеч после 23 години

Евандер Холифилд, поранешниот боксер, реши да го предизвика Мајк Тајсон на трет меѓусебен меч, и тоа 23 години откако се бореа за последен пат.

Холифилд, кој има 58 години, го предизвика Тајсон за реванш, а нема сомнеж дека тоа би бил вистински спектакл за љубителите на боксот.

„Потпиши го договорот. Светот чека на овој меч. Време е да влезеш во ринг против мене, нема изговори. Јас сум подготвен“, порача Холифилд.

Тајсон минатиот викенд се бореше во спектакл со хуманитарен карактер против Рој Џонс, а тоа му беше враќање во рингот по 15 години.

Во двете меѓусебни борби Холифилд беше подобар. Во 1996 година со технички нокаут го совлада Тајсон, а половина година подоцна имаа реванш, кој стана една од најпознатите борби во историјата. Тајсон беше дисквалификуван затоа што го гризна Холифилд за уво.