Џошуа и Поветкин имаа блиска средба и во соблекувалните (ВИДЕО)

Британскиот боксер Ентони Џошуа ја продолжи низата без пораз и стигна до својата 22.победа во кариерата, откако синоќа на „Вембли“ го нокаутираше Александер Поветкин во седмата рунда. 

Русинот можеби доминираше шест рунди, но Англичанецот знаеше како да ги темпира своите удар и да дојде до веројатно втората најголема победа во кариерата по онаа против Владимир Кличко.

Двајцата боксери и пред мечот покажаа дека се големи спортисти со тоа што искажуваа голема почит еден кон друг. Исто беше и по борбата. Џошуа влезе во соблекувалната на Поветкин за да му честита, а притоа се поздрави и со сите членови на тимот на Русинот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Udachi Povetkin. All the best for your future 🤜🏾🤛🏼 #AJBXNG

A post shared by Anthony Joshua (@anthony_joshua) on