Боксерот Јаневски обезбеди најмалку бронза на Балканијадата во Турција!

Македонскиот боксер Гоце Јаневски обезбеди најмалку бронзен медал за Македонија на Балканското првенство во Анталија.

Јаневски го победи Србинот Филип Џиниќ во четвртфиналето со 3-2 во категоријата до 75 килограми и со тоа македонскиот репрезентативец практично обезбеди најмалку бронен медал на Балканското првенство во Турција. Во полуфиналето тој ќе се сретне со Бесарт Пирева од Косово кој настапи на Златен Гонг 2019. Оваа борба е закажана за во петок.

Вториот наш претставник Арсим Етеми загуби од Бирол Ајгун од Турција со 5-0 и го заврши настапот на шампионатот. Третиот наш претставник, Јасин Љама утре (четврток), се среќава со Георге Думитреску од Романија во категоријата до 63 килограми.