Ивановски постави нов државен рекорд на Медитеранските игри во Франција

Дарио Ивановски, најдобриот македонски атлетичар, постави рекорд на Македонија во дисциплина 1.500 метри во сала на Медитерански игри во Франција за млади атлетичари до 23 години во.

Македонскиот атлетичар истрча со време 3.50.90, па така го урна претходниот рекорд во оваа дисциплина, кој го имаше Ване стојанов од 1997 година и изнесуваше 3.51.10.

Ивановски досега комплетираше вкупно шест рекорди на Македонија со своите 21 година и самиот се надева дека ќе продолжи со одличните настапи и во иднина.

Атлетичарот е кандидат за учество на Европското првенство во сала, кое ќе се одржи од први до трети март во Глазгов, Шкотска.