Етиопиец го изненади светскиот и олимписки првак за злато на 10.000 метри

Етиопиецот Селемон Барега го освои првото злато во атлетика на овие Летни Олимписки Игри во Токио, откако го изненади и го победи најголемиот фаворит, актуелен олимписки и светски првак Џошуа Чиптегеи, триумфирајќи на трката на 10.000 метри.

Барега во тактичка трка го изненади Чиптегеи, откако цело време беше во групата, па влезе во спринт во последните 150 метри, триумфирајќи со време 27:43,22 минути, правејќи разлика која беше недостижна за фаворитот.

Чиптегеи, атлетичар од Уганда, заврши со 0,41 секунда зад победникот, а бронзата ја освои неговиот сонародник Јакоб Киплимо со половина секунда заостанување.

Времето на Барега сепак беше предалеку од светскиот рекорд и тоа за минута ипол побавно од времето што Чиптегеи го постави лани во Валенсија.