Тен Хаг: Добрата игра на Санчо не ми значи, не го менувам својот став!

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг вели дека не е изненаден од добрите игри на Џејдон Санчо во Борусија Дортмунд, вели дека тоа никогаш и не било проблем.

Џејдон Санчо замина на позајмица во Борусија Дортмунд откако имаше недоразбирања со Ерик тен Хаг. Холанѓанецот го исфрли од тимот, а услов за враќање беше да му се извини.

На денешната прес-конференција Тен Хаг беше прашан дали го променил ставот за Санчо по неговите добри перформанси, одговорот беше негативен.

„Дали перформансите на Санчо ме предомислија? Не. Знаеме дека Џејдон е фантастичен фудбалер, тоа не е изенадување за нас. Тоа не е проблемот“, вели Тен Хаг.

„Тој даде свој допринос за резултатот на Дортмунд. Одличен перформанс секако“.

Според оваа изјава на Тен Хаг, доколку тој остане на кормилото, Санчо нема да има иднина во Манчестер јунајтед.