Среќа што игра со второлигаш: Јунајтед без седум играчи во полуфиналето од Купот

Манчестер Јунајтед се соочува со големи проблеми во пресрет на полуфиналниот дуел од ФА Купот бидејќи Ерик Тен Хаг не може да смета на дури седуммина фудбалери.

Поради повреди, во конкуренција за настап нема да бидат: Рафаел Варан, Лисандро Мартинез, Лук Шо, Виктор Линделеф, Џони Еванс, Тајрел Маласија и Ентони Марсијал. Повреден беше и Хари Мегваер, но тој најверојатно ќе заигра в недела, исто како и Ентони и Скот Мектоминеј.

Среќа е за Јунајтед што противник ќе му биде осмопласираниот тим во Чемпионшип дивизијата Ковентри, па и со нешто изменет и ослабен состав е фаворит за триумф на овој меч.