Шпанците тврдат дека Гвардиола си оди од Сити - веќе му се знае и замената

Трофејниот шпански стручњак Пеп Гвардиола би можел да си замине од Манчестер Сити на крајот од сезоната, тврди мадридскиот портал Релево.

Според него, очигледен е менталниот и физичкиот одмор кај Гвардиола кој веќе осум години е менаџер на Сити и со него ги освои сите можни трофеи. Во моментов е во напад на шестиот шампионски трофеј во Премиер лигата со што би го забетонирал своето место меѓу легендите во англискиот фудбал.

Истиот извор тврди дека во Сити веќе ја одредиле замената за Шпанецот и тоа треба да биде актуелниот тренер на Жирона, Мичел Санчез. Жирона има ист сопственик како Манчестер Сити поради што ваквиот потег изглед реален во момент, а Мичел, наводно, веќе почнал да учи англиски јазик за што подобро да се адаптира на Островот.