Зверев се закануваше на судијата, па загуби од 106. тенисер во светот!

Германскиот тенисер Александер Зверев загуби од Кристијан Гарин со 4-6 и 4-6 во четвртфиналето на турнирот во Минхен, но мечот го одбележа и неговата караница со судијата.

Дождот прави големи проблеми во Германија, но судиите не се решаваат често за прекин на натпреварите доколку дождот е со послаб интензитет, а тоа го налути Зверев.

„Кога ќе направиме нешто? Кажи ми. Зарем нема ништо да направиме цел меч? Тогаш јас завршив со натпреварот. Ќе одиграм уште два гема и тоа е тоа. Ова е смешно. Врне дожд, а не преземаш ништо“, му се развика Зверев на судијата.

Ова за Зверев беше прв пораз без освоен сет против некој тенисер надвор од топ-100 уште од 2015 година.